Полициски службеници од ОВР Кичево лишиле од слобода лице со иницијали А.Б. од Кичево, откако со патничко возило удрил во десетгодишно дете.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 4 април 2026 година во 20:40 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, кога А.Б., управувајќи патничко возило „опел вектра“ со кичевски регистарски ознаки, удрил во малолетник.

По преземените мерки, било утврдено дека возачот управувал со возилото и покрај тоа што имал активна заштитна мерка – забрана за управување со моторно возило од Б категорија.

По насоки на јавен обвинител, возилото му е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Од МВР информираат дека се преземаат сите неопходни мерки за расчистување на случајот.