Американскиот претседател Доналд Трамп објави видео на својата социјална мрежа „Трут соушал“ за кое тврди дека прикажува „огромен напад на Техеран“. Тој во објавата напиша дека се убиени голем број ирански воени лидери кои, како што вели тој, „лошо и непромислено го воделе својот народ“.

Интензивирање на нападите врз Техеран
Објавата на Трамп доаѓа во екот на серија интензивни напади врз стратешки воени и политички цели во Иран.

Во изминатиот период веќе беше потврдена смртта на неколку високи функционери од врвот на иранскиот воен и безбедносен апарат.

Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран дополнително се заострува, додека страните во војната изнесуваат противречни податоци за вистинските размери на штетата и бројот на загинатите во најновите бомбардирања.

Текстот (Видео) Трамп објави снимка од „жесток напад“ на Техеран е превземен од МАКФАКС.