Израел изврши напади врз ирански петрохемиски постројки, потврди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесува Си-Ен-Ен. Нападите уследија откако иранските власти известија дека во саботата биле погодени повеќе петрохемиски компании во југозападната покраина Хузестан.

„Ви ветив дека ќе продолжиме со кршење на терористичкиот режим во Техеран и токму тоа го правиме“, изјави Нетанјаху. Тој додаде дека Израел веќе уништил 70 отсто од иранските капацитети за производство на челик, а сега цел се петрохемиските постројки.

„Тие две гранки се нивните машини за заработка пари, со кои го финансираат теророт против нас и целиот свет“, нагласи израелскиот премиер.

Цел: Објекти за производство на експлозиви и ракети

Израелската војска објави дека погодила инфраструктура во петрохемискиот комплекс во Махшахр, како и „два клучни објекти за производство на материјали за експлозиви, балистички ракети и друго оружје“.

Промена на тактиката

Си-Ен-Ен наведува дека Израел, во рамките на својата воена кампања, сè почесто таргетира индустриски објекти во Иран. Стратегијата е насочена кон слабеење на економската моќ на Техеран и директно оневозможување на воената индустрија која ги снабдува иранските сили со ракети и муниција.

Текстот (Видео) Израел ги нападна иранските петрохемиски постројки е превземен од МАКФАКС.