Австралиските власти ги повикаа граѓаните да не ги откажуваат своите планови за велигденските празници, и покрај тоа што стотици бензински пумпи, претежно во руралните области, останаа без гориво поради проблеми во снабдувањето предизвикани од војната на Блискиот Исток.
Министерот за енергетика, Крис Боуен, упати апел до јавноста да патува, но со умерено користење на горивото.
„Ги охрабруваме луѓето да се придржуваат до своите планови, да ги посетат своите семејства и да одморат, но да не земаат повеќе гориво отколку што им е потребно“, рече Боуен.
Апелот доаѓа во момент кога дел од граѓаните веќе ги откажуваат патувањата за продолжениот викенд поради неизвесноста со снабдувањето.
Војната во Иран го нарушува снабдувањето
Австралија, која увезува околу 90 проценти од потребното гориво, се соочува со недостиг на гориво во одделни региони.
Прекините во снабдувањето најсилно се чувствуваат надвор од урбаните центри, каде што логистиката за дистрибуција е побавна.
Стотици бензински пумпи без дизел
Според податоците што ги објави министерот Крис Боуен:
„Ова се должи на фактот што обновувањето на резервите во тие области трае подолго“, појасни тој.
Колку гориво има Австралија?
Властите уверуваат дека вкупните резерви засега се стабилни:
Овие бројки укажуваат дека кризата е пред сè логистичка, а не целосен недостиг на национално ниво.
Премиерот предупредува на долгорочни последици
Австралискиот премиер, Ентони Албанезе, во ретко обраќање до нацијата оваа недела предупреди дека економските последици од војната ќе се чувствуваат со месеци.
Тој ги повика граѓаните да размислат за користење на јавен превоз како начин за намалување на притисокот врз системот за снабдување со гориво.
Текстот И покрај кризата со гориво, Австралија ги повика граѓаните да не ги откажуваат велигденските патувања е превземен од МАКФАКС.























