Додека НАТО се соочува со внатрешни превирања предизвикани од најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за можно повлекување на САД, амбасадорката на Украина во алијансата гледа можност во кризата. За разлика од загрижените сојузници како полскиот премиер Доналд Туск, кој ја гледа како остварување на „сонот на Путин“, Аљона Гетманчук верува дека ова е момент за трансформација, а не за пропаст на алијансата, пишува „Политико“.
Гетманчук изрази оптимизам. „Наместо да зборувам за колапсот на НАТО, би сакала да зборувам за неговата трансформација“, рече таа.
Таа тврди дека, „парадоксално“, оваа ситуација би можела да создаде повеќе можности за интеграција на Украина. Ова, рече таа, би му помогнало на НАТО да стане „далеку поефикасен, посмртоносен, поиновативен и способен да се спротивстави на руската закана“.
Амбасадорката ја отфрли проценката на Трамп дека алијансата е „хартиен тигар“ кој не успева да го заплаши рускиот претседател Владимир Путин. Таа нагласи дека Кремљ, и покрај децениските обиди за поткопување на НАТО, никогаш не се осмелил директно да нападне една од неговите членки.
„Член 5 од договорот, кој ги обврзува сојузниците да бранат нападната членка, останува модел за безбедносни гаранции, за разлика од клаузулата за заемна одбрана во рамките на ЕУ“, додаде таа.
Украина долго време бара членство во НАТО токму за таква одбранбена поддршка, а таа амбиција е дополнително зајакната по руската инвазија. Сепак, Трамп остро се спротивстави на пристапувањето на Киев, а генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, минатата година потврди дека земјата не може да се приклучи без согласност на сите постоечки членки.
фото/X
Текстот Украинска амбасадорка: Време е за трансформација на НАТО е превземен од МАКФАКС.























