Цените на станбените објекти во Хрватска во 2025 година пораснале во просек за 14,1% во однос на претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, пренесе Хина.

Новите станови поскапеле за 13,1%, додека постојните за 14,3%.

Регионално, цените во Загреб пораснале за 14,2%, на Јадранот за 11,8%, а на останатите подрачја најмногу – за 19,3%.

Растот продолжил и во последниот квартал од 2025 година, кога цените на годишно ниво се зголемиле за 16,1%, при што најголем скок повторно е забележан надвор од главниот град.

Текстот Голем пораст на цените за недвижнини во Хрватска е превземен од МАКФАКС.