Специјалниот претставник на претседателот на Руската Федерација за инвестиции и економска соработка со странски земји и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев денес изјави дека Европската Унија не успеала да ги диверзифицира своите енергетски текови поради „русофобична идеологија“.

„ЕУ, со 15 години задоцнување, сега предупредува дека не е подготвена за „продолжен енергетски шок“. Нејзината неспособност да ги диверзифицира енергетските текови произлегува од русофобичната идеологија на „зелените“ и „разбудените“, рече Дмитриев на мрежата Икс.

Тој додаде дека ЕУ сè уште не нуди конкретни решенија за кризата, туку само идеи и предупредувања, објави ТАСС.

Дмитриев го кажа ова како коментар на извештајот на „Фајненшл тајмс“, во кој европскиот комесар за енергетика, Дан Јергенсен, предупреди дека конфликтот на Блискиот Исток може да предизвика „долгорочна енергетска криза во ЕУ“, пренесува Танјуг.

Текстот Дмитриев: Русофобичната идеологија е виновна за енергетскиот шок е превземен од МАКФАКС.