Поранешниот ирански министер за надворешни работи, Џавад Зариф, се огласи на Икс откако објави план за завршување на војната, велејќи дека е „огорчен од неодговорната агресија и грубите навреди“ на американскиот претседател Доналд Трамп.

„И како Иранец, огорчен од неодговорната агресија и грубите навреди на Трамп, но горд на нашите вооружени сили и отпорен народ, имам сомнежи во врска со објавувањето на овој мировен план во Foreign Affairs, напиша тој.

Тој додаде дека сепак е убеден дека војната мора да заврши „на начин што е во согласност со националните интереси на Иран“.

Текстот Зариф: Огорчен сум од агресијата на Трамп, но војната мора да заврши е превземен од МАКФАКС.