Мерил Стрип и Ен Хатавеј напорно работат на промоција на култниот филм „Ѓаволот носи Прада 2“. Омиленото дуо неодамна присуствуваше на премиерата на филмот во Мексико и, благо речено, ги воодушеви сите на црвениот тепих.
Сепак, видео кое брзо стана вирално го привлече вниманието на сите. За време на едно интервју во Мексико, Мерил ги изненади сите со едноставен, но моќен гест.
Таа и нејзината колешка Ен Хатавеј се појавија во Сината куќа на Фрида Кало во Мексико за да одговорат на прашања од љубопитни медиуми за филмот.
Во еден момент, еден од вработените во организацијата ѝ пријде на актерката со чадор за да ја заштити од сонцето.
По првичното изненадување, таа му возврати со топла насмевка и бакнеж, а видеото стана вирално. Набрзо, следеше лавина од коментари.
„Најдобрата актерка на сите времиња“, „Нормална жена“, „Никогаш не глумела ѕвезда“, „Сите треба да се угледаат на неа“, „Колку е слатко“ се само дел од коментарите.
Текстот (Видео) Бакнежот на Мерил Стрип ги „сруши“ мрежите; „Најдобрата актерка на сите времиња“ е превземен од МАКФАКС.





















