Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека поради глобалната нестабилност и војната со Иран, Велика Британија треба да ја зајакне соработката со Европската унија, особено во безбедноста и економијата.
Тој оцени дека последиците од конфликтот би можеле да се чувствуваат со генерации и да доведат до раст на цените на енергијата, слично на кризата од 1970-тите.
Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп ги критикуваше европските земји што не се приклучиле на воените активности, порачувајќи им „да научат сами да се бранат“.
Стармер возврати дека НАТО останува клучен сојуз за безбедноста и нагласи дека приоритет ќе биде националниот интерес, со цел Велика Британија да остане надвор од конфликтот.
Тој додаде и дека брегзит предизвикал „длабока штета“ врз британската економија.
Текстот Стармер: Потребна е поблиска соработка со ЕУ поради глобалната нестабилност е превземен од МАКФАКС.























