Во Младински Центар Битола на 7 април со почеток во 18 часот ќе се одржи настан „Изложба на апциклирана облека“, кој има за цел да ја промовира креативноста, одржливоста и циркуларната економија.
На изложбата ќе бидат претставени уникатни парчиња облека создадени преку повторна употреба и трансформација на текстил, со што се испраќа силна порака за одговорно користење на ресурсите и заштита на животната средина.
Настанот е дел од иницијативите за поттикнување на еколошка свест и одржлив развој кај младите и заедницата.
Оваа активност е дел од проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија и имплементиран од АРНО, People in Need, ЛЕАД и Ековита.
Текстот Изложба на апциклирана облека во Битола е превземен од МАКФАКС.






















