Најстарата внука на Доналд Трамп, Каи Медисон Трамп, се појави со својот брат Спенсер на финалето во женска конкуренција на Мајами Опен 2026 и веднаш го привлече вниманието на публиката. Од трибините на стадионот Хард Рок во Мајами Гарденс, тие го гледаа натпреварот помеѓу Арина Сабаленка и Коко Гоф, а најголемо внимание привлече 19-годишната Каи, која во последните месеци сè повеќе ги полни медиумските рубрики.
За сончевото попладне во Флорида, таа избра лежерна, спортска комбинација. Носеше светло сина маица, бели шорцеви, патики Најк и чанта Луј Витон. Ја пушти косата, а шминката ѝ беше многу суптилна. Подоцна, таа беше фотографирана во пријателски разговор со Арина Сабаленка, што дополнително го разгоре јавниот интерес.
Сепак, токму тој момент брзо предизвика бран негативни реакции на социјалните мрежи. Откако сподели фотографија со Сабаленка и јавно ја поддржа пред финалето, многумина ја критикуваа што не застана со Коко Гоф, американската тенисерка и домашен фаворит.
Некои следбеници сметаа дека е чудно што Каи, како Американка и член на едно од најпознатите американски политички семејства, не ја поддржа домашната претставничка. Во коментарите, тие ѝ рекоа дека треба да навива за американската тенисерка во финалето, а некои го нарекоа нејзиниот потег срамен.
Сепак, имаше и такви што застанаа во нејзина одбрана, нагласувајќи дека е сосема нормално да се поддржува спортист што обожавате да го гледате, без оглед на националноста.
фото/ЕПА
Текстот Најстарата внука на Доналд Трамп, Каи, привлече внимание на Мајами Опен е превземен од МАКФАКС.























