Педро Санчез им се придружи на европските лидери во осудата на законот што вчера го донесе Кнесет, со кој се воведува смртна казна за Палестинци од Западниот Брег осудени за смртоносни терористички напади.
Во објава на X, Санчез го нарече законот „асиметрична мерка која не би се применувала на Израелците кои ќе ги извршат истите кривични дела“.
„Исто дело, различна казна. Тоа не е правда. Тоа е уште еден чекор кон апартхејд. Светот не смее да молчи“, напиша тој.
Новиот закон во пракса воведува смртна казна исклучиво за Палестинци кои за смртоносни терористички напади ќе бидат осудени од воени судови, бидејќи изрично ги исклучува израелските државјани. Палестинците, за разлика од Израелците, се процесираат пред воени судови, додека на Израелците им се суди пред цивилни судови.
Иако постои одделна одредба што им дозволува на судовите да изречат смртна казна за секого, вклучително и за израелски државјани, таа се однесува само на случаи кога некој „намерно ќе предизвика смрт со цел да го негира постоењето на државата Израел“.
Оваа дефиниција е поставена така што ги исклучува еврејските терористи, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Фото: Depositphotos
Текстот „Исто дело, различна казна“: Санчез остро го критикува новиот закон на Израел е превземен од МАКФАКС.























