Украински дронови нападнаа цели во јужниот руски град Таганрог, важен центар за руските воздухопловни сили, при што загина едно лице, а осум се ранети, изјави градоначалничката Светлана Камбулова за ТАСС.
Таа рече дека биле погодени бројни згради и бизниси.
Градот на источниот брег на Азовското Море е дом на фабрика за авиони и две фабрики што произведуваат дронови и делови за беспилотни летала.
Повеќе од 60 дронови беа пресретнати над Таганрог во вторник вечерта, а уште шест во Ростовскиот регион, објави гувернерот Јуриј Сљусар.
Украина неодамна ги засили нападите врз нафтените постројки и воената индустрија на руска територија.
фото/Depositphotos
Текстот Украина нападна фабрика за дронови во Русија е превземен од МАКФАКС.























