Српскиот претседател Александар Вучиќ, лидер на владејачката Српска напредна партија, прогласи победа за коалицијата предводена од СНС во сите 10 општини и градови на локалните избори синоќа.

Изборите беа обележани со инциденти, тепачки и нерегуларности на кои посочи опозицијата и студентското движење.

Вучиќ, чие име „Александар Вучиќ – Србија, нашето семејство“ се најде на сите локални изборни листи, прогласи „победа од 10-0“ над опозицијата и студентските листи во седиштето на СНС пред новинарите, врз основа на прелиминарните партиски резултати.

Најнеизвесни резултати, додаде тој, беа во општина Кула во Војводина, но дека СНС победи со разлика од 530 гласови. Изборите се одржаа во Аранѓеловац, Бајина Башта, Бор, Кладово, Књажевац, Кула, Лучани, Мајданпек, Севојно и Смедеревска Паланка, а нешто помалку од 250.000 гласачи имаа право на глас.

Според извештаите од независните набљудувачи и опозициските листи, денот на изборите беше обележан со бројни инциденти и нерегуларности, а гласањето на повеќето места беше проследено со физички судири, напади врз граѓани, активисти и новинари. Судири беа регистрирани во Бор, Бајина Башта, Кула.

Пријавени се бројни нерегуларности – од таканаречениот „бугарски воз“ до фотографирање на гласачки ливчиња и притисок врз гласачите. „Благодарност до Србија за огромната доверба“, рече Вучиќ, повикувајќи се на резултатите од изборите, и потврди дека, според најновите истражувања, СНС „е во најдобра форма“ во последните шест години.

Текстот (Видео) Вучиќ прогласи победа на локалните избори 10-0: Благодарност до Србија за довербата е превземен од МАКФАКС.