Антонела Рокуцо и Лионел Меси се во романтична врска уште од тинејџерските години. Антонела беше со својот сакан во големите моменти од неговиот живот, вклучително и кога Аргентина го освои Светското првенство во 2022 година во Катар.
Сепак, нејзиниот живот се промени кога стана мајка, односно кога во бракот со Меси доби синови – Тијаго, Матео и Сиро. Антонела сега во интервју за „Harper’s Bazaar Mexico“ откри како денес го балансира мајчинството со своите приватни и професионални одговорности.
„Она што најмногу ме промени како жена беше мајчинството. Од тој момент, моите деца станаа мој приоритет“, рече таа.
Време за себе
Аргентинската манекенка признава дека сега кога нејзините деца се малку постари, има повеќе време за себе, за работи во кои порано не можела да ужива. Таа исто така на шега призна дека понекогаш „се чувствува како стара жена“.
Во последните години, таа се посвети повеќе на деловни проекти и соработува со познати брендови, како што се: „Adidas“, „Tiffany & Co.“, „Stanley“ и „Anastasia Beverly Hills“.
„Навистина уживам во оваа фаза, кога децата веќе не се толку мали, бидејќи сега се гледам себеси поинаку и си давам повеќе простор. Тоа е нешто ново за мене и влегувам во тоа чекор по чекор“, рече таа.
Семејството има и своја активност
Антонела откри дека градењето LEGO коцки е една од нејзините омилени семејни занимации.
„Моите синови и јас имаме еден вид музеј во кој изложуваме сè што сме направиле од LEGO коцки“, рече таа, додавајќи дека тие исто така сакаат да гледаат филмови заедно.
Текстот (Фото) Сопругата на Меси призна: „Сега уживам, имам повеќе време за себе“ е превземен од МАКФАКС.























