Можеме да понудиме експертска и институционална поддршка за реформите, но отворањето кластери во македонските преговори со ЕУ е условено од уставните измени…Нова порака од официјален Париз за евроинтегративниот пат на Македонија… Во интервју за Радио Слободна Европа, францускиот амбасадор во Македонија, Кристоф ле Риголер, вели дека се наоѓаме во период кога ЕУ покажува зголемена подготвеност за проширување и треба да се искористи моментот…На македонските власти им порача да не се надеваат на промени во преговарачката рамка која е прифатена од сите држави и е дел од процесот на пристапување на Македонија во Европската Унија, пренесува ТВ 24.
Кристоф ле Риголер – амбасадор на Франција во Македонија
„Има една работа, а тоа е преговарачката рамка усвоена во 2022-та година во којашто е предвидено усвојување на уставните амандмани. Сме го кажале тоа, сме го повториле и ќе повториме дека преговарачката рамка нема да се промени затоа што ја имаме, таа е прифатена од сите и денес во тие рамки евроинтерагативниот процес на Северна Македонија треба да се остварува, а тој минува низ усвојувањето на уставните рамки. Тоа е првата работа. Втората работа е дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија и треба тука да биде многу јасно затоа што идејата не е да се отвори билатерален дијалог за да се преговара одново компромисот од 2022-та или нешто друго.
Според премиерот Христијан Мицкоски, процесот не може да продолжи без јасни гаранции за правата на македонската заедница во Бугарија, како и без конкретни заклучоци од Европскиот совет кои би ја дефинирале крајната цел…На европските претставници им порача дека единствено од ВМРО ДПМНЕ зависи дали ќе има уставни измени..Тврди и дека е подготвен да чека доколку условите не се јасни и праведни, исто како што за одредени политики во регионот се чекало со децении…
Христијан Мицкоски – премиер на Македонија
„Ако тие мислат дека треба да биде услов промената на уставот а во се друго да бидеме најдобри , тогаш жалам но овде нема добар соговорник без да бидат исполнети другите детали.. А треба секој еден да знае, дека таа работа зависи исклучиво од најголемата политичка партија во Македонија и од ова раководство, а тоа е ВМРО ДПМНЕ. Ако некој повторно живее во илузија дека ќе најде повторно марионети кои што нешто ќе направат во државата , се лаже.. “
Дека македонската влада не може да очекува гаранции дека нема да има ново вето, неодамна порача и италијанскиот амбасадор во Македонија..Во емисијата Европат на 24 вести, амбасадорот Паоло Палминтери вели дека самиот процес на пристапување е долготраен, комплициран и бара согласност од сите земји членки на ЕУ..Најдобра гаранција, како што вели италијанскиот амбасадор е подобрување на довербата меѓу Македонија и нејзините соседи..
Извор: ТВ 24























