Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, соопшти Министерство за внатрешни работи.

Од вкупниот број, седум возачи се лишени од слобода за управување на возило возачка дозвола, од кои еден е повикан на службен разговор во Свети Николе.

-Додека, останатите шест се лишени од слобода во Тетово, Куманово, Делчево, Битола и двајца во Кичево. Четворица возачи во Тетово, Куманово, Берово и Ресен управувале возило под дејство на алкохол. Додека, двајца возачи во Скопје и Струга управувале возило со забрана за управување на патничко возило од Б категорија. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави – посочуваат од МВР.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Текстот Полицијата приведе 12 возачи за алкохол, забрана и без дозвола е превземен од МАКФАКС.