ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.К. (45) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 2 јули 2025 година, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и саксии со корени од растението канабис.
Надлежните органи продолжуваат со постапка за утврдување на околностите и дополнителни докази за случајот.
Текстот Пријава за неовластено производство на дрога во Кавадарци е превземен од МАКФАКС.























