Летното сметање на времето почнува вечерва, по полноќ.
Во 02:00 часот, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред, односно времето од 02:00 часот се смета како 03:00 часот.
Летното сметање на времето завршува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 03:00 часот се смета како 02:00 часот.
Донесувањето на оваа Одлука е во согласност со утврдената годишна практика за регулирање на сметањето на времето, како и со обврските за усогласување со европската регулатива во оваа област.
Текстот Вечерва почнува летното сметање на времето е превземен од МАКФАКС.























