Најмалку 20 цивили загинале во напади врз станбени области во Техеран и покраината Керманшах, пренесуваат иранските медиуми.
Во Техеран, во ракетен напад врз станбен комплекс загинале 10 лица. Во Керманшах се убиени 13 лица, меѓу кои и две деца.
Нападнати биле и индустриски објекти во Исфахан и Ахваз, каде има жртви и повредени, како и оштетувања на електроенергетските системи.
Текстот Напади врз станбени згради, најмалку 20 загинати цивили, јавуваат иранските медиуми е превземен од МАКФАКС.























