Министерството за внатрешни работи соопшти дека експресно го расчистило денешното убиство во Охрид, при што е лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело.

„Денеска (27.03.2026) во 17:20 часот, во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, го лишиле од слобода Ж.Г. (53) од истото село. Тој се сомничи за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Утрово во полицијата било пријавено дека во неговиот дом на улицата Нада Филева во Охрид, без знаци на живот бил пронајден К.М. (76) од Охрид.

На местото на настанот бил извршен увид од јавен обвинител и полициски екипи, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

По целосно расчистување на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството е превземен од МАКФАКС.