Американски официјални лица почнале да ги предупредуваат сојузниците дека испораките на оружје од САД за Украина би можеле да бидат прекинати во наредните месеци, бидејќи Пентагон дава приоритет на нивната употреба во војната во Иран.
Како што изјавиле три неименувани официјални лица за „Политико“, Стејт департмент ги известил сојузниците дека испораките на муниција, особено системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, би можеле да бидат нарушени поради војната во Иран.
Двајца официјални лица навеле дека американскиот државен секретар Марко Рубио планирал денес да разговара за ова прашање со сојузниците на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во близина на Париз.
Портпаролот на украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјавил дека Рубио не го информирал за можни нарушувања во испораките на оружје за Украина за време на нивната денешна билатерална средба на маргините на состанокот на Г7.
Еден европски официјален претставник навел дека дел од сојузничките земји добиле уверувања од САД дека испораките на оружје за Украина не се пренасочени.
Загриженоста во европските престолнини се зголемила откако „Вашингтон пост“ во четвртокот објави дека Пентагон разгледува можност за пренасочување на оружјето наменето за Украина со цел да ги обнови американските залихи.
Фото: Depositphotos
Текстот Можно запирање на испораките на оружје за Украина поради Иран е превземен од МАКФАКС.























