Во ОВР Кавадарци вчера во 15:35 часот е пријавено дека на регионален пат Кавадарци-с.Моклиште, кавадаречко, патничко возило „тојота“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Б.(19) од Кавадарци, удрило во метална канделабра.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.Б., додека со телесни повреди се здобиле неговите сопатници Д.Т.(18), Љ.Г.(19) и М.С.(18), сите од Кавадарци, констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Текстот Со „тојота“ удрил во метална канделабра на патот Кавадарци-с.Моклиште : возачот тешко повреден а три лица се здобиле со полесни повреди е превземен од МАКФАКС.























