Полицијата уапси едно лице од струшко кое е фатено при обид да опожари сува трева и грмушки.
Вчера во 13:30 часот на патот Струга – с.Калишта, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Д.(52) од с.Калишта. тој бил затекнат при обид на патот пред негова парцела да запали сува трева и грмушки.
При преземање мерки, полициските службеници констатирале дека С.Д. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,90 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Уапсено лице од струшко, фатено е при обид да запали сува трева и грмушки е превземен од МАКФАКС.























