Снежните врнежи предизвикаа прекини во сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија во Босна и Херцеговина, а северозападните делови од земјата се најтешко погодени. Властите во Унско-санскиот округ одлучија да ја прекинат наставата поради лошите временски услови.

„Поради моменталната ситуација во врска со прекинот на електричната енергија и обилните снежни врнежи, наставата во основните училишта е прекината додека не се создадат соодветни услови“, објави Министерството за образование на округот.

Снежната покривка во областите Бихаќ и Цазин денеска достигна висина од околу триесет сантиметри, а снег паѓаше и во областа Бања Лука, што го отежнува патниот сообраќај. На автопатот од Добој до Босанска Градишка, снежната покривка значително го забави сообраќајот, па возилата се движат со ограничувања што важат во зимски услови.

Патните служби во двата ентитета објавија дека сите патни правци се проодни, но сообраќајот на камиони е отежнат, а употребата на синџири е задолжителна за тешки возила на планинските превои. Зимската опрема за сите возила во БиХ е задолжителна до 1 април.

Слично време, со врнежи од дож снег и силен ветер ги погоди и Хрватска и Словенија.

Словенија: Силна бура ги оштети покривите, затворени училишта и градинки

(Видео) Обилни врнежи од дожд и силен ветер во Хрватска: затворени патишта, околу 100 интервенции во Загреб

 

фото/Depositphotos

Текстот Снег и во БиХ, откажана наставата во училиштата и прекини во електричната енергија е превземен од МАКФАКС.