Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески извести дека денеска во општинските простории се спроведува крводарителска акција во соработка со ЈЗУ ГОБ „8 Септември“.
„Во акцијата се вклучија голем број вработени од општинската администрација, како и многу хумани граѓани кои уште еднаш ја покажаа својата солидарност и хуманост.
Голема благодарност до сите дарители – со овој хуман чин се спасуваат човечки животи и се дава надеж таму каде што е најпотребна.
Да продолжиме да даруваме, да помагаме и да бидеме пример дека хуманоста е најголема вредност“, вели Митески.
Текстот (Фото) Крводарителска акција во општина Аеродром е превземен од МАКФАКС.























