Силна бура, проследена со налети на ветер што дуваат со брзина од над 100 километри на час, синоќа погоди голем дел од Словенија, соборувајќи дрвја, оштетувајќи покриви и оставајќи илјадници домаќинства без електрична енергија, додека надлежните служби апелираа до граѓаните да не ги напуштаат своите домови.

Како што објави Радио-телевизија на Словенија (RTV SLO), Приморскиот и Горењскиот регион беа најтешко погодени, а поради исклучително неповолните временски услови, во неколку општини беше донесена одлука за затворање на училиштата и градинките за денес.

Силна бура, која првично беше најавена во текот на ноќта, зафати области од Словенија, а силни налети на ветер однесоа делови од покривите на средните училишта низ целата земја.

Неколку илјади корисници низ целата земја останаа без електрична енергија во одредени моменти, вклучувајќи ги областите Марибор и Љубљана, додека дефектите на далноводите предизвикаа прекини и во други делови од земјата.

Според податоците од Словенечката агенција за животна средина, најсилните налети на ветер достигнале брзина од 103 километри на час.

Поради опасноста, надлежните служби ги повикаа граѓаните да останат во затворен простор и да не излегуваат освен ако не е апсолутно неопходно.

Метеоролозите предупредуваат дека ветерот ќе продолжи и во текот на ноќта и денес, со постепено слабеење само во текот на саботата.

Текстот Словенија: Силна бура ги оштети покривите, затворени училишта и градинки е превземен од МАКФАКС.