Александра Јанева ја претстави својата најнова песна „Како спиеш ти“, модерна поп-балада која веднаш по објавувањето предизвика лавина позитивни реакции. По долг период на брзи ритми, пејачката реши да изненади со модерна, поп балада.

Авторскиот тим кој се потпишува зад овој проект се Лазар Цветкоски (музика и аранжман) и Луна Ристиќ (текст). Тие се и главните соработници на претстојниот студиски албум на Јанева – „Сестро“, кој се очекува со големо нетрпение. Видеото, за кое е заслужен Даниел Јовески, е снимено во специфичен период за Александра – во четвртиот месец од нејзината бременост.

„Тој спокој кој го чувствував во себе се пренесе и на екранот. Сакав да прикажам сила и самоувереност, a тоа направи уште посилно да ја доживеам емоцијата на песната која еден ден ќе и ја прераскажувам на мојата идна ќерка.“ изјави Јанева.

Пејачката неодамна покажа дека е во својата најдобра форма и на сцената, кога како гостинка на концертот на Лозано ја воодушеви публиката со заедничката интерпретација на „Не те вадам од памет“.

 

Текстот (Видео) Борба меѓу гордоста и болката: „Како спиеш ти“ е новиот музички проект на Александра Јанева е превземен од МАКФАКС.