Денес, Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, заедно со заменик-министерот за образование, Дритон Сулејмани, реализираа посета на студентскиот дом „Пелагонија“.

За време на посетата, тие одблиску се запознаа со условите во кои живеат студентите, при што се разговараше за итната потреба од подобрување на стандардот и условите за сместување.

Од страна на Владата беше истакната посветеноста за унапредување на студентскиот стандард и создавање достоинствени услови за младите.

Во таа насока, планирана е инвестиција, во соработка со Министерството за образование и наука, за реконструкција на сите студентски домови во државата, вклучително и студентскиот дом „Пелагонија“.

Текстот Сали во посета на студентскиот дом „Пелагонија“: разговарано за итната потреба од подобрување на стандардот и условите за сместување е превземен од МАКФАКС.