Четириесетгодишен маж од Скопје починал на работното место во магацин во круг на фабрика на подрачјето на Кисела Вода.

Настанот бил пријавен во полицијата вчера, а според информациите на Д.Д. (40) му се слошило додека бил на работа.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Увид на местото извршила полициска екипа, а по насоки на јавен обвинител телото е дадено за обдукција.

Текстот Скопјанец починал додека работел во магацин е превземен од МАКФАКС.