Еден од најзначајните македонски музички брендови, Љубојна годинава прославува јубилејни 25 години постоење со голем концерт кој ќе се одржи на 29 март во македонската Филхармонија, а во пресрет на концертот, групата ја претставува својата нова песна – „Врати ми ја Тишината“, во дует со Бранислав Николов.

 

„Врати ми ја тишината“ е инспирирана од музичката тема „Танго за тројца“ во соработка и дружба со Фолтин. Видеоклипот е документиран во живо на сесиите во Studio Wave и во „Театар Комедија“.

Музиката и аранжманот се на Оливер Јосифовски, текстот е на Сашо Димоски. Вокалната изведба е дует на Вера Милошевска-Јосифовска и Бранислав Николов, а музичарите се: Оливер Јосифовски (акустична и бас гитара), Бојан Петков (укулеле) и Александар Секуловски (удиралки).

Текстот (Видео) Нова песна на Љубојна во дует со Бранислав Николов „Врати ми ја тишината“ е превземен од МАКФАКС.