Полицијата во Велес поднесе кривична пријава против Н.Џ. (34) од Велес поради злоупотреба на лични податоци и измама при добивање на кредит или друга погодност.

Според информациите, на 30 септември 2025 година, во стан во Неготино, пријавениот фотографирал лична карта на едно лице и без негова согласност, во негово име аплицирал за кредит од финансиско друштво.

Кредитот бил одобрен, по што осомничениот подигнал 149.000 денари.

Текстот Со туѓа лична карта, велешанец подигнал брз кредит од 149.000 денари, МВР постапува е превземен од МАКФАКС.