Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна и под контрола, и покрај случувањата на Блискиот Исток.

„Стабилна, без да има одредени осцилации. Апсолутно ја имаме под контрола состојбата. Предизвици има и ќе има, но тука сме да ја следиме и да реагираме ако има потреба од тоа“, рече Мицкоски, во одговор на новинарско прашање.

Премиерот денеска присуствуваше на презентацијата на 17 нови лесни оклопни возила „страјкер“, набавени од Соединетите Американски Држави.

Текстот Безбедносната состојба е стабилна, оцени премиерот Мицкоски е превземен од МАКФАКС.