Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство што оклопните возила STRYKER се веќе во земјава и најави дека ќе пристигне и дополнителна количина, со што, како што рече, значително ќе се зајакне капацитетот на македонската Армија.

Тој упати благодарност до војската, војниците, старешините, генералите, Министерството за одбрана, како и до Владата, но и до стратешките партнери – САД и нивната амбасада за поддршката и логистиката.

„Ова за нас многу значи, ја подобрува оперативноста практично, ја зголемува мобилноста на самата армија и на тој начин стануваме поконкурентни споредено со другите армии“, изјави Мицкоски.

Додаде дека Владата ќе продолжи да инвестира во модернизација на Армијата и набавка на современа опрема, во рамките на буџетските можности, со цел исполнување на критериумите до 2032 година.

Според него, државата веќе инвестира повеќе од досегашниот минимум од 2 проценти од БДП за одбрана, за разлика од некои други земји кои сè уште не го достигнале тоа ниво.

Текстот Мицкоски: STRYKER ја засилуваат Армијата, ќе пристигне и дополнителна количина е превземен од МАКФАКС.