Вчера во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „500“ во село Марино, општина Илинден, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот А.А., удрило во пешакот, 52-годишниот О.М., двајцата од село Марино.
Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал О.М., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, возилото е одземено за вештачење, а возачот А.А. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Текстот Уапсен возачот кој усмрти пешак синоќа во село Марино е превземен од МАКФАКС.























