Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји вчера во телефонски разговор со својот ирански колега Абас Аракчи ги повика сите страни да ја искористат секоја можност за што поскоро започнување мировни преговори, се вели во соопштението на кинеското министерство, објавија странските агенции.
Разговорот е секогаш подобар од борбата, му рекол Ванг на Аракчи, додавајќи дека „сите жаришта треба да се решат преку дијалог и преговори, а не со употреба на сила“.
Иранските државни медиуми го објавија одговорот на Аракчи во среда.
„Сериозното очекување на Иран од земјите-членки на Советот за безбедност, особено Кина и Русија, е да ги спречат САД да продолжат да го злоупотребуваат Советот со заземање цврст став во осудата на агресијата на САД и ционистичкиот режим (Израел)“, се вели во соопштението.
Текстот Шефот на дипломатијата на Кина: Кризите ги решаваме преку дијалог, а не со употреба на сила е превземен од МАКФАКС.























