Раперот Џеј Зи во ретко интервју за списанието GQ зборуваше за тужбата за сексуално злоставување од 2024 година, која подоцна беше отфрлена.
Тој призна дека периодот бил исклучително тежок.
„Беше навистина тешко. Срцето ми беше скршено… Бев неконтролирано бесен“, изјави, додавајќи дека од почеток знаел дека обвиненијата не се вистинити и дека вистината на крај победува.
Во тужбата, жена од Алабама под псевдоним Jane Doe тврдеше дека тој и Sean “Diddy” Combs ја нападнале во 2000 година, кога имала 13 години, но случајот беше отфрлен во февруари.
По тоа, Jay-Z поднел контратужба против неа и нејзините адвокати, обвинувајќи ги за клевета и злоупотреба на правниот процес.
Освен за правните проблеми, раперот зборуваше и за семејството, истакнувајќи дека очинството му дава смисла на сè. Со сопругата Бијонсе има три деца и нагласи дека најмногу ужива во секојдневните моменти со нив.
На крај, сподели и став за пријателството и лојалноста, истакнувајќи дека вистинската лојалност е трајна и дека треба да се знае кога да се оттурнат луѓе кои не припаѓаат во животот.
Текстот „Бев неконтролирано бесен“: Џеј Зи првпат проговори за тужбата за силување што беше отфрлена е превземен од МАКФАКС.























