Само еден ден по прес-конференцијата на Христијан Мицкоски, имаме ново покачување на цената на дизелот за 3,5 денари и сега чини 95,5 денари за литар. Ова е трето покачување, при што вкупното зголемување достигна 24,5 денари по литар. Ете толку од „мерката“ на Мицкоски, велат од СДСМ.
„Секако, Мицкоски го покажува своето вистинско лице – нема капацитет ниту за државничка ниту за економска политика, прав дилетант. Намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема никаков ефект. Граѓаните плаќаат поскапо гориво, а со тоа се забрзува и растот на цените на храната. Цените во маркетите растат – зејтинот, јајцата, месото, зеленчукот, сè е поскапено, граѓаните тоа секојдневно го чувствуваат на својот џеб. СДСМ предупредува: без итна интервенција во цените на храната, кризата ќе се продлабочува, а сиромаштијата ќе расте. Затоа Владата мора веднаш да ги прифати предложените мерки на СДСМ: 0% ДДВ за храната, намалување на акцизите за 4 денари и намалување на ДДВ за горивата на 5%. Неопходно е итно да се применат овие суштински решенија, кои навистина ќе им помогнат на граѓаните“, велат од опозициската партија.
Текстот СДСМ: Цените на дизелот се покачија, растат и цените во маркетите – мерката на Мицкоски без ефект е превземен од МАКФАКС.























