Оскарите одамна завршија, но некои детали за настанот сè уште циркулираат на интернет. Имено, актерот Леонардо Дикаприо сега е главна тема на TikTok поради неговиот физички изглед. За овогодинешното престижно доделување на филмски награди, тој одлучи да го промени имиџот на холивудскиот заводник и, судејќи според коментарите, малку да го подобри.

Многумина забележаа дека изгледа многу помлад, и дека одлучил да негува „мачо изглед“ и да додаде мустаќи. „Сега изгледа подобро“, „Повторно е секси!“ и „Сега е згоден“, се само дел од коментарите на мрежите.

@benburdanaps I don’t know how, but Leonardo DiCaprio looks like he’s in his second prime at the #oscars #oscars2026 #leonardodicaprio #filmtok #fyp ♬ original sound – Annabel

И експертите се огласија
Кратко по неговите вирални видеа од Оскарите, но и бројните коментари на мрежите, веднаш се огласи д-р Анил Шах, пластичен хирург од Чикаго и Њујорк. Како што вели, Леонардо Дикаприо не користел процедури, туку ги променил своите животни навики.

Според неговите понатамошни изјави, актерот ослабел многу, но не со помош на популарни лекови за слабеење, туку со промена на својот животен стил. Д-р Анил тврди дека ја намалил количината на алкохолни пијалоци, поради што повеќе не консумира вишок калории и токсини кои можат да влијаат на изгледот на неговата кожа и лице.

Тој додава дека бројни студии покажуваат дека алкохолот го забрзува стареењето на телото, вклучително и на кожата и лицето.

А можеби се работи за мустаќите?
Додека некои веруваат дека Леонардо го променил животот целосно, други тврдат дека мустаќите му го промениле имиџот.

„Мустаќите секогаш минуваат!“, „Мустаќите ме освоија“ и „Добредојде назад, Лео од 2000-тите“, напишаа корисниците на интернет.

Текстот (Видео) Сите зборуваат за драстичната промена на изгледот на Леонардо Дикаприо: „Повторно е секси“ е превземен од МАКФАКС.