Леони Касел (16), помладата ќерка на Моника Белучи, ги следеше стапките на својата постара сестра Дева Касел, позирајќи за насловната страница на италијанското издание на списанието „Вог“ и веќе е вистинска убавица.
На насловната страница, Леони е облечена малку полежерно, во фармерки и кожна јакна, во комбинација со слушалки, а имаше и неизбежни очила за сонце кои на сè му дадоа доза на драма.
Самата Леони не очекуваше толку брзо да заврши на престижната насловна страница, а исто така призна дека таа и нејзината мајка ги одбрале фотографиите што ќе бидат вклучени во списанието. Нејзината постара сестра, Дева, веќе ги освои срцата на публиката.
„Не очекував сè да се случи толку брзо. Сè уште не можам да верувам што ми се случува. Се радувам на нови познанства и запознавања луѓе. Една од моите омилени фотографии е онаа на која јас и мајка ми се шминкаме заедно. И на неа ѝ се допаѓа“, изјави таа за „Вог“.
Моника Белучи со години е икона на стилот и убавината, а светот е воодушевен од нејзините ќерки, иако имаше коментари дека Леони и Дева се примери за „непо бебиња“, тие го градат својот пат независно од успехот на нивните познати родители.
„Мора да ги почитувате вашите деца. Мора да разберете дека во одреден момент тие растат и не можете да направите ништо освен да се грижите за нивниот лет, а Леони веќе лета. Леони лета брзо затоа што е заинтересирана за животот“, беше искрена Моника за „Вог“.
Текстот (Фото) Помладата ќерка на Моника Белучи распамети: Поубава и од мајка ѝ и од сестра ѝ е превземен од МАКФАКС.























