Тренер на фудбалски клуб од Куманово пријавил дека бил физички нападнат за време на натпревар на стадион во градот.
Според информациите, станува збор за 50-годишниот Т.Р., кој на 22 март околу 16:15 часот во СВР Куманово пријавил дека додека траел фудбалски натпревар бил нападнат од С.Т.(37) и неговиот малолетен син, кој е играч во фудбалскиот клуб.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Текстот Тренер нападнат на стадион во Куманово: Во инцидентот учествувал и малолетен играч е превземен од МАКФАКС.























