Актерот Рајан Гослинг, познат по тоа што приватниот живот со сопругата Ева Мендес го држи далеку од јавноста, овојпат направи исклучок и откри еден детал од нивната интимност.
Гостувајќи во подкастот New Heights, 45-годишниот Гослинг ја коментираше неодамнешната изјава на својот колега Харисон Форд.
Форд, претходно во разговор со Џими Кимел изјави дека со сопругата Калиста Флокхарт за време на интимни моменти слуша музика од своите филмови. Не е сосема јасно дали се шегувал или зборувал сериозно, но неговиот коментар привлече големо внимание.
Судејќи според реакцијата на Гослинг, ваквата идеја не поминува кај сите холивудски актери. „Не. Цврсто не“, изјави актерот. „Тука нема никаква дилема.“
Гослинг и Мендес се во брак од 2022 година и имаат две ќерки.
Актерот откри и дека токму неговите ќерки го инспирирале да ја прифати улогата во филмот Project Hail Mary, каде игра астронаут со мисија да го спаси човештвото.
Фото: Depositphotos
Текстот Гослинг откри што е строго забрането во спалната соба со Ева Мендес е превземен од МАКФАКС.























