64-годишен жител на Куманово со иницијали М.Д. починал откако со возило излетал од патот на делницата меѓу селата Клечовце и Шупљи Камен.
Несреќата се случила на 22 март околу 17 часот, на место викано „Кантон“, кога патничко моторно возило „даеву тико“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д., излетало од коловозот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај возачот на лице место, додека сопатничката Л.Д.(57) се здобила со телесни повреди и била пренесена во Општата болница во Куманово.
Според нејзината изјава, на возачот му се слошило и изгубил свест непосредно пред несреќата.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид.
Текстот Му се слошило зад воланот: 64-годишник почина, сопатничката со повреди е превземен од МАКФАКС.























