Денес градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски го потпиша договорот за изградба на нова поликлиника.
Изградбата на новата поликлиника претставува историски чекор за општина Бутел, соопштија од општината.
„Градоначалникот изрази огромна благодарност на премиерот Христијан Мицкоски, за посветеноста и поддршката на Владата за реализација на капиталниот проект кој граѓаните го очекуваат со децении. Новата поликлиника ќе биде изградена на местото на старата амбуланта и ќе обезбеди полесен и побрз пристап до здравствени услуги за сите граѓани“.
Во новиот објект, според соопштеното, ќе биде достапен пункт за итна медицинска помош, ноќна служба, РТГ кабинет со ехо, лабараторија и аптека.
Текстот Костовски потпиша договор за изградба на нова поликлиника е превземен од МАКФАКС.























