НАТО не може да ги потврди тврдењата на Израел дека Иран може да ги таргетира Париз, Берлин и Лондон со своите ракети, изјави денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во телевизиско интервју.
Предупредувањето на Израел следеше по иранскиот напад врз британско-американската воена база „Диего Гарсија“ во петокот вечерта, кој, иако неуспешен, покажа дека Техеран има ракетен дострел што претходно не беше јавно потврден, објави CBS News.
„Во моментов не можеме да ги потврдиме израелските тврдења, но ги истражуваме“, рече Руте.
Тој истакна дека ако ова предупредување е точно, тоа е уште еден доказ дека постапките на Доналд Трамп и нападот на САД врз Иран се клучни за елиминирање на иранската нуклеарна закана.
„Она што го знаеме со сигурност е дека тие се многу блиску до тоа да ја имаат таа можност. Сè уште го оценуваме случајот со британската база, но ако тоа е точно, тие веќе ја имаат таа можност, ако не е точно, знаеме дека се многу блиску до тоа да ја имаат“, рече Руте, објави Танјуг.
Текстот Рутe: НАТО не може да ги потврди тврдењата дека Иран може да ги таргетира Париз, Берлин и Лондон е превземен од МАКФАКС.























