Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) нареди целосно прекинување на летовите на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк ноќесла поради, како што ја нарече, „вонредна состојба со авион“.
Противпожарната служба на Њујорк потврди дека нејзините екипи реагирале на инцидент на пистата во кој биле вклучени авион и возило, што бил пријавен околу 23:38 часот по локално време, јавува Си-ен-ен.
За инцидентот е известен и Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (NTSB), но агенцијата соопшти дека во овој момент не може да даде дополнителни информации. За коментар се контактирани и Пристанишната управа на Њујорк и Њу Џерси, која управува со аеродромот, и самата FAA. Сè уште се чекаат официјални информации за природата на инцидентот и евентуалните потенцијални последици.
Текстот Летовите на аеродромот во Њујорк се прекинати поради „вонредна ситуација“ е превземен од МАКФАКС.























