Вчера во полициска станица, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје извршија службен разговор со Л.Т. од Скопје.
Таа на 16.03.2026 во 14.39 часот со патничко возило „ауди“ со скопски регистарски таблички се движела по пешачка патека во паркот „Жена- Борец“ во Скопје, а снимка од настанот беше објавена и на социјална мрежа, соопшти МВР.
Полицијата соопшти дека против Л.Т. се поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Текстот (Видео) Скопјанка со „ауди“ се движела по пешачката патека во паркот „Жена- Борец“ е превземен од МАКФАКС.























