Во одговор на прашање за синоќешното апсење на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев, кој е надлежен на таа функција во јуни 2024, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека тоа е определба на Владата за борба против криминалот и корупцијата на дело.

„Секој кој се огрешил пред законот, без разлика дали од СДС од ВМРО-ДПМНЕ, или било која друга политичка партија, треба да одговара. Сите мора да бидат еднакви спрема законот“.

Кажа дека ја поздравува и акцијата на МВР и дека тоа е порака до сите дека со законот нема играње.

„Дополнително, ние не очекуваме ова да го разберат колегите од СДС затоа што тие се уште една иста криминална банда којашто сака да дојде на власт само за повеќе да краде“.