Ума Турман отворено зборуваше за својот однос со насилството на екранот, што ги карактеризираше некои од нејзините најпознати улоги.
Иако првата асоцијација на многу луѓе со неа е стилизираната бруталност на филмовите „Убиј го Бил“, актерката нагласува дека нејзините лични ставови значително се разликуваат од жанрот што таа помогна да се дефинира, објавува „People“.
„Не ми се допаѓа насилството навистина“
„Не ми се допаѓа насилството навистина. На некои луѓе навистина им се допаѓа, мене не“, рече таа во неодамнешното интервју за „InStyle“. Сепак, таа додаде дека може да ужива во насилството под одредени услови.
„Кога гледам уметност во движење, можам да го ценам насилството и акцијата затоа што ме воодушевуваат на ист начин како што би ме воодушевила извонредна танцова изведба“.
Токму овој став влијаеше на нејзината одлука претежно да избегнува акциони улоги речиси две децении. Таа објасни дека развила свои критериуми за оценување на ваквите проекти, прашувајќи дали насилството е „мотивирано“, „убаво“ и „искрено извршено“. Само кога сценариото ќе ги исполни овие услови, таа ќе почувствува потреба да се врати на жанрот.
Текстот Ума Турман за насилството во филмовите: „На некои луѓе навистина им се допаѓа, мене не“ е превземен од МАКФАКС.























